Иди ми, дојди ми: Грбиќ близу до враќање во Будуќност

Ракометарката која својата кариера ја градеше играјќи во дресот на Вардар, Итана Грбиќ планира да се врати во редовите на Будуќност, а доколку тоа се случи ќе дојде заедно со Лекиќ во исто време бидејќи таа веќе се договори со шампионот на Црна Гора.

Грбиќ минатата сезона од Будуќност замина во ЧСМ Букурешт и потпиша договор на две години. Сепак, после случувањата во Романија и големите финансиски проблеми таа сè повеќе размислува за враќање дома.

Грбиќ пред прекинот на првенството имаше одлични партии и покажа дека може да се снајде добро и како левокрило и како центар.

Доколку се врати во Будуќност, екипата од Подгорица ќе добие уште една ракометарка која играла во „црвено-црниот“ дрес, па овој тим ќе почне сè повеќе да наликува на Вардар.