Играше 11 сезони за Татран Прешов, сега на 35 години ќе има нов клуб!

Поранешниот репрезентативец на Словачка, Оливер Рабек, иако имаше активен договор со Татран Прешов, важноста на договорот беше до јуни, 2025 година, сепак, одлучи да му каже збогум на клубот во кој играше цели 11 сезони.

35-годишниот Рабек во тимот од Прешов пристигна во сезона 2012/13, го водеше клубот до девет титули во домашниот шампионат и седум трофеи во Купот на Словачка.

Искусниот лев секогаш беше меѓу најдобрите стрелци во Татран Прешов, особено во настапите во Европа. Татран Прешов на европска сцена беше дел од Лигата на Европа и Лигата на шампионите.

Рабек минатата сезона во рамки од групниот сегмент од Лигата на Европа постигна 60 погодоци на 10 натпревари, во просек имаше по шест на секој меч.

Татран Прешов во следната сезона ќе има комплетно нов тим, откако од клубот си заминаа десет играчи.

Екс шампионатот на Словачка е еден од учесниците на второто издание на меморијалниот турнир  „Крсте Андоновски Усташ“ во Охрид.