Играше со Лазаров во Нант, освои медал со Хрватска, а сега стана фудбалер!

Хрватот Јерко Матулиќ, кој долго време во својата кариера важеше за одличен ракометар и настапуваше за познати клубови како Загреб, Нант (заедно со Лазаров), Шамбери и Висла Плоцк, реши да сврти нова страница во неговиот спортски живот, односно да стане и фудбалер, пишува 24Сата.

Неговата одлука беше шокирачка за хрватската јавност, најмногу за ракометната, бидејќи Матулиќ имаше одлична кариера. Како главен успех на Матулиќ е освојувањето на златниот медал со хрватската репрезентација на Светското младинско првенство во 2009 година.

Подоцна, станува и член на сениорската репрезентација на Хрватска. Беше дел од составот на Хрватска на Светското првенство во 2017 година кое се одржуваше во Франција.

Матулиќ во сезона 2019/2020 настапуваше за полскиот вицешампион, Висла Плоцк, а оваа сезона реши да настапува за екипата на Рвачка од БиХ. Тој одлучи да остане активен во ракометот, но и да започне своја фудбалска кариера.

Фудбалскиот клуб од Хрватска, Постира Сарди, го претстави Јерко Матулиќ како засилување во својот тим. Постира Сарди се натпреварува во понизог ранг на натпреварување. Како ќе се одвива неговата фудбалска кариера и дали ќе може паралелно да игра фудбал во една, а ракомет во друга држава, останува да видиме во наредниот период.