Играчот-тренер Митков го водеше Холабрун до нов триумф

Тимот на Холабрун, каде што играч и тренер е Влатко Митков, забележа нова победа во Втората лига на Австрија.

Холабрун предводен од македонскиот интернационалец славеше на гости кај Фунфхаус со 31-27.

Десниот бек постигна седум гола и беше најефикасен на теренот, а четирите гола ги постигна во финишот на мечот кога се кршеше резултатот.

Холабрун сега има три победи на четири меча, а следен предизвик за Митков и неговиот тим ќе биде Фиверс Маргаретен 2.