Играа на ЕП, а сега Гаџа и Мараш се резерви во Хрватска

Селекторот на Хрватска, Хрвоје Хорват го состави списокот на играчи со кои ќе игра против Финска во баражот за Светското првенство во Полска и Шведска следната година.

На списокот има 21 ракометар горе-долу тоа се ракометарите кои беа на собриот на репрезентацијата неодамна во Вараждин.

Ракометарите на Вардар и Еурофарм Пелистер, Анте Гаџа и Матео Мараш се на списокот на резерви, иако беа дел од Европското првенство во јануари.

СПИСОК НА ХРВАТСКА:

Голмани: Шего, М.Мандиќ, Кузмановиќ

Дeсни крила: Чупиќ, Главаш

Леви крила: Д.Мандиќ, Јелиниќ

Среден бек: Дувњак, Циндриќ, Карачиќ

Десен бек: Мартиновиќ, Шебетиќ, Клариц

Лев бек: Јагањац, Мамиќ, Срна Лучин,

Пивоти: Муса, Мариќ, Шипиќ, Начиновиќ

Резерви: Шарац, Гојн, Мараш, Шушња, Пешиќ, Пилиповиќ, Чавар, Матановиќ, Гаџа.