Играат во Лигата на шампиони, ама мора и да работат во фабриката на спонзорот четири часа на ден!

Ракометарите на финскиот тим Рихимаки Кокс, кои сезонава играа во истата група со нашиот Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, имаат полупрофесионални договори.

Оваа сезона во Кокс играа вкупно 12 странци – тројца Срби, четворица Белоруси, двајца Руси, како и по еден играч од Босна и Херцеговина, Летонија и Молдавија.

Новиот тренер на Кокс, Хрватот Борис Дворшек вели дека не е проблемот во парите за да се донесе некој поквалитетен странец.

„Не е проблем во парите, туку во тоа што сите играчи на Кокс мора да одработат три до четири часа дневно во фабриката што е главен спонзор. Станува збор за фабрика што е дел од дрвната индустрија. Не се работи за многу тешка физичка работа, а доколку натпреварот е во среда, тогаш не се работи во вторник и четврток“, вели Дворшек.

Финскиот шампионат беше стопиран и нема да се доигра, а со оглед на тоа што не беше стартуван плеј-офот, а Кокс беше на третото место, догодина ќе игра во ЕХФ Купот или досега познат како Челинџ Куп.