Игор Карачиќ го потпиша најважниот договор – официјално стана македонски зет (ФОТО)

Некогашниот ракометар на Вардар, Игор Карачиќ, засекогаш се „врза“ за Македонија.

Хрватскиот репрезентативец по седум години минати во Скопје нема да ги памети само по Вардар, туку и по тоа што во нашата земја ја најде љубовта на неговиот живот.

Денеска и официјално тој стана македонски зет, откако го стави потписот на најважниот животен договор.

Неговата избраничка е Душица Андоновска, поранешен фото-модел, а нејзината сестра Марија е во врска со екс членот на Вардар, Кристијан Дисингер.