Ивица Обрван е нов селектор на Босна и Херцеговина!

Поранешниот селектор на македонската репрезентација, Ивица Обрван, е наследник на Билал Шуман на клупата на босанската селекција.

Ракометниот Сојуз на БиХ денеска одлучил дека сегашниот селектор Билал Шуман треба да биде сменет, иако неодамна го продолжи договорот за четири сезони. Покрај Обрван, главни кандидати за позицијата беа Веселин Вујовиќ и Ирфан Смајлагиќ.

Некогашниот македонски селектор ја започна тренерската кариера во Метковиќ во 1999 година, а потоа го водеше словенечкиот Горење, како и Загреб, Медвешчак и Шамбери. Три години беше на македонската клупа и ја водеше репрезентацијата на три големи натпреварувања.

Босна и Херцеговина во квалификациите за Европското првенство 2022 година се наоѓа во група со Германија, Австрија и Естонија, но ќе има тешка задача по поразот од Естонците да обезбеди место на континенталниот собир.