Иван Чупиќ ја збогати колекцијата на дресови, подарокот од Модриќ заврши во неговата витрина (ФОТО)

Ракометарот на Вардар, Иван Чупиќ ја носеше капитенската лента на дуелите против Словачка, а ова му овозможи да биде и лидер во двете победи.

Со оглед на тоа што повеќето од другите ракометари беа од новата генерација која ќе треба да го преземе местото во репрезентацијата тој со своето искуство одлично ги водеше колегите.

За добрите резултати ракометарите добија дрес од страна на фудбалерот на Реал Мадрид и прва ѕвезда на репрезентацијата на Хрватска.

Овој дрес ќе заврши во витрините на домот на Чупиќ така што добива голем подарок од фудбалерот кој е негов миленик.