Зорман доби несекојдневен подарок

Новинарот Лојзе Грчман работеше на биографијата за словенечкиот репрезентативец Урош Зорман. Тој ја заврши кариерата минатата сезона, а по не цела година неговата богата играчка кариера е овековечена на хартија.

Авторот на книгата работеше три години. Во тој период Грчман разговарал со повеќе од 40 соговорници во врска со кариерата на Зорман. Сето тоа го напишал на околу 200 страници. Оригиналниот наслов на книгата е „Tako, kot sam rekel“, што значи „Како што кажав“.

Јасно е дека колегата новинар од Словенија имал доволно материјал од кариерата на Зорман со оглед на тоа што тој е четирикратен шампион во Лигата на шампионите.

Исто така има голем успех и со репрезентацијата на Словенија кога во 2004 година го освои сребрениот медал. По завршвањето на играчката кариера Зорман веднаш започна со тренерска кариера и во овој момент работи во Келце како помошник на Талант Душебаев.