Зорман го одбра тимот околу себе – Жвижеј, Шкоф, Кавтичник…

Селекторот на Словенија, Урош Зорман го формираше стручниот штаб во националниот тим.

Негови соработници ќе бидат Лука Жвижеј, како и Горазд Шкоф, кој ќе биде тренер на голманите во репрезентацијата.

Нов спортски директор во Словенија е легендарниот Вид Кавтичник, а новите лица во националниот тим ги чека голем предизвик во март и април.

Сите четворица беа дел од словенечката репрезентација во минатото, добро се познаваат и сигурно нема да имаат проблеми во комуникацијата.

Првата цел е пласман на Светското првенство, кое ќе се одржи наредната година во Шведска и Полска, а ривали во баражот ќе биде Италија и Србија.