Зорман го објави списокот за Србија – смета и на идниот вардарец Цехте во борбата за СП

Селекторот на репрезентацијата на Словенија Урош Зорман го објави списокот на ракометари за двомечот против Србија за пласман на Светското првенство Полска и Шведска.

На списокот на Зорман имаше место и за Нејц Цехте, засилувањето за Вардар кој по завршувањето на актуелната сезона ќе се приклучи на црвено-црните.

Словенија ја очекува двомечот со Србија во кој во првиот натпревар се домаќини во Целје на 13-ти април, а три дена подоцна ќе гостуваат кај нашиот сосед. Ќе споменеме и дека ова ќе биде дуел на Цехте против актуелните вардарци, Стефан Додиќ и Дарко Ѓукиќ.