Зоран Рогановиќ го продолжи договорот, останува селектор на Црна Гора

Селекторот на машката репрезентација на Црна Гора, Зоран Рогановиќ останува и понатаму на кормилото.

Ракометниот сојуз на Црна Гора одлучи тековниот договор да биде продолжен до 2022 година односно до завршувањето на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Искусниот стратег ја презеде репрезентацијата на Црна Гора во месец август, 2018 година. Оствари солидни резултати со неговите избраници.

Победата над Данска во Подгорица во квалификациските натпревари за настап на ЕП 2020 година се уште се памети како најголем успех на Рогановиќ во селеторските води.

Целта во наредниот период е пласман за следното Европско првенство во Унгарија и Словачка. Репрезентацијата на Црна Гора во својата група за противници ги има Косово, Романија и Шведска.