Златните кадети стартуваат со Австрија, па во еден ден пресметки со Германија и Холандија

Машката кадетска репрезентација на Македонија кон крајот на годината ја очекува настап на силен турнир во Германија.

Од 27 до 29 декември, златните кадети ќе одиграат пет натпревари, три во групата и два за пласман на турнирот.

Во групата Б, Македонија ќе биде со Австрија, Германија и Холандија. На првиот ден, на 27 декември од нашите кадети ќе се соочат со Австрија од 16:00 часот.

На вториот ден од турнирот од 11:20, Македонија ќе игра со Германија, додека од 16:40 часот е пресметката со Холандија.

На третиот и последен ден од турнирот, исто така нашите кадети ќе одиграат два меча според пласманот во групата.