„Златна бубамара“ за вардарци – го постигнаа најголемиот спортски успех во 2019 (ФОТО)

Во салата „Борис Трајковски“ по 23-типат се одржа манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“, а меѓу лауреатите оваа година беа и ракометарите на европскиот шампион Вардар.

Беа доделени 27 награди во исто толку категории, а наградата во категоријата „Најголем спортски успех“ заврши во рацете на „црвени-црните“.

Вардар со епска победа над Барселона во полуфиналето на завршниот турнир во Келн се пласираше во финалето, а таму го победи и унгарскиот гигант Веспрем.