„Зебрите“ во проблеми – Билик ги скина лигаментите на левото колено!

Левиот бек на германскиот Кил, Никола Билик, заработи сериозна повреда на тренинг во австрискиот Грац.

Австриецот ги скина лигаментите на левото колено при еден скок во напад на тренинг, што значи за него есенската полусезона е завршена.

По Екберг, кој исто така се повреди на стартот на подготовките, Филип Јиха останува без уште еден важен играч во нападот.

Чешкиот стратег остана и без Нилсон, кој замина во Рајн Некар, па веројатно во нападот на левата и средната бековска позиција ќе остане со триото Зарабец, Дувњак и Сагосен.

„Зебрите“ од пред два дена се на подготовки во Австрија, а оттаму заминуваат за Унгарија, каде што ќе играат пријателски натпревар против Веспрем на 30 август.