Тројна одбрана за ТВ шпици: Србинот Кривокапиќ фати ТРИ зицери во еден напад! (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Србија по победата над Мароко од 38:20 обезбеди пласман во следната фаза на Светското младинско првенство во Грција и Германија.

Србија во првото коло исто така беше убедлива против Чиле, така што избраниците на Ѓорѓе Теодоровиќ без проблем се најдоа меѓу најдобрите 16 репрезентации на младинскиот Мундијал.

Во одлично светло во дуелот со Мароко се покажа новата голманска надеж на Србија, Лука Кривокапиќ.

Довчерашниот член на ПИК Сегед, кој во следната сезона ќе го носи дресот на Пуерто Сагунто, со тројна одбрана ги откажа репрезентативците на Мароко.