„За месец дена не чека ЕХФ шампионат, а сè уште немаме селектор“

Женската младинска репрезентација на Македонија за повеќе од месец дена ја очекува настап на ЕХФ шампионат.

Ова натпреварување ќе се одржи во нашата земја од 10 до 18 јули, но многу одамна женските национлни тимови во младинските конкуренции немале конкретни акции.

Претседателот на Куманово, носителот на двојната круна во женска конкуренција, Бобан Пеовски, потенцира дека не се посветува доволно време на младинските селекции.

„Од 2009 наваму жените го губат приматот, а причината според мене и што луѓето кои работат со спорт одат по линија на помал отпор. Ако се случи добра генерација, таму се бара успех од проста причина што се смета дека така полесно ќе се дојде до резултат. Ние имавме одлична генерација кај мажите и се вложуваше во нив, а условите кои ги имаа мажите и жените не беа исти. Ако паметите еден период воопшто и немавме ниту женски младински селекции се до 2013 година кога дојде новата гарнитура и почнаа да се прават некои напори и активности и за девојчињата. Но и натаму разликата е голема… Еден пример – за месец дена ќе има ЕХФ Шампионат за младинки во Македонија, а ние немаме селектор на репрезентација. Во клубот имаме српска младинска репрезентативка која досега беше на три собири, БиХ немаат женска сениорска репрезентација ама затоа младинките двапати беа на собир, додека ние последната активност со младинската репрезентација сме ја имале пред скоро две години на ЕХФ Шампионат во Литванија, каде поминавме катастрофално! Ние немаме селектор, немаме собири… Односно последно Јулијана Дамчевска ја водеше екипата… Според мене во репрезентација мора да играат најдобрите, а искуството ми вели дека селекторите се ставаат во функција на клубовите и земаат деца од своите екипи, а не најквалитетните. Најдобра потврда за тоа се нереалните списоци кои сме ги имале на собири наназад, со играчи кои се форсирале, а кои денеска воошто и не тренираат ракомет. Пионерска конкуренција немаме селектор, немаме ни репрезентација, но некоја Комисија селектира играчи од таа генерација. Малку се најасни овие работи и смета дека треба работите да се сменат од корен. Велат нема подобро, но не е вистина! Не сме се обиделе за да видиме дали има или нема! Мислам дека треба да се направи систем како порано во СФРЈ, тренер – селектор, кој ќе ги надгледува сите репрезентации и ќе селектира, а јас не сум видел некој да дојде на натпревар да ги гледа девојчињата.“

Целото интервју со Бобан Пеовски може да го прочитате во продолжение…

ИНТЕРВЈУ БОБАН ПЕОВСКИ: Двојната круна стигна во Куманово од каде почна ракометот!