За добар на старт на квалификациите – полна вреќа со мандарини (ФОТО)

Селекцијата на Хрватска, која на минатото Европско првенство во Данска и Норвешка приреди голема сензација, ги стартува квалификациите за пласман на следното ЕП.

„Кралиците на шокот“ се во незгодна група со олимпискиот првак Франција, како и Чешка и Украина.

Првиот меч го играат во Ријека, а меѓу избраничките на Ненад Шоштариќ, како и секогаш има пријатно расположение.

Голманката Теа Пијевиќ, која заедно со Ќамила Мицијевиќ е задолжена за забавата, на собирот им донесе на своите колешки вреќа мандарини од нејзиниот роден град Плоче.

Првиот меч Хрватките го имаат на домашен терен во Ријека денеска против Украина.