За битолчани бод од Лисабон, за Секељ ТОП 5 одбрана на колото (ВИДЕО)

Еурофарм Пелистер стигна до важен бод на тешкото гостување кај Спортинг Лисабон, откако одигра 27-27.

Еден од најдобрите поединци на теренот беше унгарскиот репрезентативен голман во битолскиот тим, Мартон Секељ.

Една од неговите одбрани од страна на медиа тимот на ЕХФ беше сместена во ТОП 5 на колото.

Најдобрата е онаа на Микел Робен, голманот на Нант, кој го запре ударот на данскиот ГОГ во последната секунда.

Најдобрите пет одбрани на колото во Лигата на Европа, може да ги погледнете на следниот ЛИНК.