Затворени граници, карантини, ковид тестови: Ракометарите на Татран имаат патешествија да стигнат до Прешов

Екипата на Татран Прешов направи многу промени во играчкиот кадар, сега има повеќе интернационалци кои се од осум различни земји. Хаосот што го направи коронавирусот се одрази на комплетирање на тимот пред почетокот на подготовките.

На првиот тренинг Славко Голужа имаше преполовен тим, тренираа девет од 16 ракометари. Останатите сè уште остануваат заглавени во своите земји и неизвесно е кога ќе се приклучат на подготовките.

Педро Пачеко и Роман Чарапкин имаа авантуристички патувања од своите домови до Словачка кои траеја повеќе од 24 часа, но сепак на крајот успеаја да пристигнат на крајната дестинација.

Пачеко од Бразил патуваше со авион до Амстердам, а потоа со уште еден лет до Виена и автобус до Братислава, од каде продолжи со воз до Прешов. Тој имаше среќа да стигне кај својот тим за разлика од неговиот сонародник Маркос Колодети кој сè уште е во Бразил и чека дозвола за влез во Европската унија.

За разлика од Бразилецот, Русинот Роман Чарапкин од Москва до Прешов патуваше со автомобил заедно со неговата сопруга. Патувањето до полската граница било нормално, но таму започнале проблемите кога граничните власти не им дозволиле влез во земјата. Чарапкин морал да се врати во Брест каде што останал три дена пред да добие дозвола за влез во ЕУ.

Ракометарите кои пристигнале во Прешов се во петдневна изолација, и доколку новите тестови се негативни тие ќе се приклучат на подготовките на екипата. Едниот од туниските интернационалци Џинед Џабала веќе е во Прешов, но неговиот сонародник Бен Абдала го чекаа патешествие за да стигне до словачкиот град.