Засилување за Мешков – ќе го имаат највисокиот играч во првенството!

Мешков Брест потврди дека постигнале договор со Алексеј Шинкел кој ќе настапува за овој клуб до крајот на сезоната 2022/2023.

Шинкел својата кариера ја започна во Кронон под водство на сегашниот тренер на Мешков Дмитриј Тихон. Потоа настапуваше за клубовите на Минск Викторија и СКА. Во 2017 година потпиша за Мотор Запорожје каде што помина две години од таму се пресели во унгарски Балатонфуред, потоа помина шест месеци руската Нева, а минатото лето потпиша за Донски Казаки.

Треба да се спомене дека Шинкел со доаѓањето во Мешков ќе биде највисокиот играч во белоруското првенство. Тој е висок 210 сантиметри.

„Мило ми е што сум во Брест. Го следев тимот во Лигата на шампионите, познавам ммногу момци од претходно. Одлично ги познавам и барањата на Дмитриј Тихон, под негово водство ја започнав мојата професионална кариера. Тој беше тренерот кој веруваше во мене кога како млад дојдов во Кронон, сега повторно сум подготвен да ја оправдам неговата довервба“, изјави Шинкел.

Прилика за деби за Мешков, Шинкел ќе има на гостувањето кај Машека во сабота.