Загреб прикотвен на дното, капитулираше уште еднаш против Целје

Ракометарите на ППД Загреб претрпеа уште еден пораз од Целје во Лигата на шампионите овој пат на домашен терен со 27:31.

Гостите од Словенија беа во предност во текот на сите 60 минути. Влегоа подобро во натпреварот и рано создадоа предност која потоа без проблеми ја одржуваа. Загреб никако не можеше да наметне своја игра, но не можеше ниту да се снајде со противникот. Проблеми имаа и со голманите на противникот, па сето тоа влијаеше на играта така што уште во првиот дел од средбата се виде дека ова ќе биде тешка средба. Целје замина на одмор со предност од 14:11, па ова беше доволно да може мирно да влезе во вториот дел од натпреварот.

И во вториот дел од средбата приказната беше иста. Ракометарите на Целје знаеја да ја зачуваат предноста. Загреб успеа да се доближи најмногу до два гола разлика, па тоа беше практично сè што успеа да направи на овој дуел. Работите не одеа најдобро, па тимот од Словенија успеа да се избори за победа од четири разлика, 31:27.

Јосип Шарац беше играчот кој создаде најмногу проблеми за одбраната на ППД Загреб. Погоди дури десетпати и беше најефикасен, додека во редовите на победничкиот состав ефикасни беа и Маргуч со четири гола и Кодрин и Грошељ со по три погодоци. Во тимот на Загреб, Вистороп реализираше шестпати, Шипиќ петпати, а по три гола имаа Гаџа, Мандиќ, Хорват и Бичаниќ.

Со овој пораз тимот на ППД Загреб остана на последното место во Групата А со само еден поен, додека Целје со новите два го зацврси 6. место и сега има шест поени.