Загреб никако да победи, капитулираше и против Мотор

Натпреварот кој место во Арена се играше во „Сутинска врела“ не донесе ништо ново за тимот на ППД Загреб, па овој тим претрпе нов пораз овој пат од составот на Мотор Запорожје со 23:24.

Како тргна натпреварот се чинеше дека сè води кон победа и конечно подобрување на работите во клубот. Место тоа почна да се губи ритамот. Гостите успеаја да го кренат нивото и да се вратат, па стигнаа до израмнување, 13:13 и со овој резултат се замина на одмор.

Второто полувреме мина во знак на гостинскиот состав. Мотор постојано беше во предност, а ППД Загреб никако не можеше да се врати во ритам односно да го презеде водството. Домашните ракометари се обидуваа, но немаа сили така што останаа без можност да се изборат за нешто повеќе на овој дуел.

Оттаму како што се одвиваа работите немаше многу шанси за да се дојде до нешто повеќе, па минималниот пораз од 23:24 беше максимумот кој домашните го извадија.

Давид Мандиќ со шест гола беше најефикасниот играч на тимот на ППД Загреб, додека во Мотор петпати прецизни беа Пухоуски и Маласинскас.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1МАГДЕБУРГ14120224
2БАРСА14110322
3ВЕСПРЕМ14100420
4МОНПЕЛЈЕ1480616
5ВИСЛА ПЛОЦК1451811
6ГОГ1451811
7ПОРТО1440108
8ЦЕЛЈЕ1400140