Загреб не смета на десниот бек – Млакар се врати во Целје!

Десниот бек на хрватскиот првак Загреб, Жига Млакар, одработи само два месеци од двегодишниот договор со „плинарите“.

Тој направи камбек во словенечкиот шампион Целје, со кој потпиша договор до крајот на оваа сезона.

Тренерот Игор Вори му даваше шанса најмногу на Марио Вуглач на десната бековска позиција, а Млакар добиваше минимална минутажа.

Словенецот потекнува од тимот на Целје, играше за Марибор, а добри партии имаше и во дресот на полската Висла Плоцк.