Загреб не патува во Запорожје, ниту Нант нема да оди во хрватската престолнина

Стандардното тестирање на коронавирус пред натпреварите од Лигата на шампионите, покажа три позитивни случаи во хрватскиот првак Загреб.

Тоа значи дека „плинарите“ одат во карантин, вторпат оваа сезона и тој ќе трае десетина дена.

Одложени ќе бидат натпреварите против Мотор во Запорожје од 8 коло што требаше да се игра утре, како и оној против Нант што требаше да биде одигран на 2 декември во Загреб.

Претходно ЕХФ го одложи двобојот меѓу Мешков Брест и Фленсбург, а нема да биде изненадување ако денеска слушнеме за уште некоја одложена средба во елитното натпреварување.