Загреб не може да игра ЛШ во „Арена“

Ширењето на коронавирусот насекаде низ Европа, носи дополнителен товар за спортските екипи, кои се соочуваат со проблеми околу организацијата на натпреварите, па дури и оние од елитните конкуренции.

Откако „Арена“ во Загреб стана ковид-болница, раководството на хрватскиот првак бараше солуција каде ќе го игра следниот домашен натпревар од Лигата на шампионите.

Во опција беа „Кутија Шибица“ и „Домот на спортовите“, но крајот е одлучено наптреварот против Мотор Запорожје ќе се одигра во „Сутинска врела“, утре од 18:45 часот.

Загреб со поразите од Алборг и Целје на домашен терен практично ги загуби шансите за пласман во следната фаза од Лигата на шампионите, па му останува само да ги одигра дуелите до крај.