Загреб немаше милост за Нексе, допрва почнува трката за титула

Ракометарите на Загреб остварија убедлива победа против најголемиот конкурент Нексе со 25:16 во 10. коло од првенството на Хрватска. Со оваа победа Загреб стигна до првите два бода во меѓусебниот дуел со тимот од Нашице во битката за нов шампион на Хрватска.

Системот на натпреварување од оваа сезона е променет во Хрватска, после регуларниот дел двете најдобропласирани екипи ќе играат меѓусебни дуели до освојување на шест бода.

Бодовите од регуалрниот дел се пренесуваат, Нексе има два бидејќи славеше во првиот меч, а сега Загреб со оваа победа се израмни со конкурентот во регуларниот дел пред следните меѓусебни дуели.

Загреб во својата сала која беше исполнета до последното место немаше проблеми да стигне до победата. Уште по првиот дел имаа водство од пет гола, 16:11, а во продолжение ја потврдија доминацијата за конечен убедлив триумф.