Загреб најде замена за Гаџа – доаѓа поранешен ракометар на Металург!

Поранешниот ракометар на тимот на Металург, Немања Обрадовиќ, кој минатата сезона ја мина во белорускиот шампион Мешков Брест, се наоѓа пред потпис со хрватскиот Загреб.

Иако имаше комбинација да се пресели во европскиот шампион Вардар, сепак Србинот ќе биде замена за Анте Гаџа, кој од Загреб ќе дојде во Скопје.

Обрадовиќ веќе тренира со „плинарите“, а се очекува во наредните денови клубот да го официјализира новото засилување.

Тој откако замина од Металург играше и за полската Висла Плоцк, а претходно беше дел од Јагодина, Металопластика и францускиот Валанс.