„Загреб е ниво погоре од Вардар, Нексе и Целје“

Поранешниот хрватски репрезентативец Дамир Бичаниќ е нов спортски директор на шампионот Загреб.

Тој по завршувањето на кариерата работи во редовите на „плинарите“, а од пред некое време ја презема и директорската функција од Јосип Валчиќ.

Бичаниќ најави уште засилувања за Загреб, кој ги донесе Борозан, Сухолежник и Грбавац, но и потенцираше дека хрватскиот првак е нив погоре во моментов над регионалните конкуренти.

„Што се однесува до регионот, мислам дека во моментов сме ниво над конкурентите како Целје, Нексе или Вардар. Пред нас, треба да се каже, се клубови како Веспрем и Сегед, но факт е дека нивните финансии значително се разликуваат од нашите”, изјави Бичаниќ.

Некогашниот хрватски репрезентативец како играч настапуваше за Умаг,Осијек, Медвешчак, Адемар Леон, Загреб и Шамбери. Својата играчка кариера ја заврши токму во тимот на Загреб каде мина пет сезони.