Завршницата на СЕХА лигата во Задар без присуство на публика

Завршницата од СЕХА лигата во Задар ќе се одигра без присуство на публика поради моменталната епидемиолошка состојба во Хрватска.

Зголемениот број на новозаразени од ковид-19 во Хрватска, посебно во областа, Далмација, беше причина за ваквата донесена одлука.

Но, доколку ситуацијата се промени во позитивна насока, тогаш на одреден број на гледачи би им бил дозволен влез за финалните натпревари од регионалното натпреварување.

Сепак, за било каква промена сите релевантни страни ќе бидат навремено известени. Натпреварите во Задар ќе се одиграат од 3 до 5 септември во спортскиот центар „Вишњик“.

Вардар се бори за Ф4 со ППД Загреб, а Еурофарм Пелистер со Мешков Брест.