Завршниот турнир во Купот на Германија за оваа сезона ќе се игра среде следната!

Раководството на Бундес лигата веќе ги прави плановите за стартот на оваа сезона, откако оваа заврши порано од очекуваното поради коронавирусот.

Германците не се откажуваат да се одигра завршниот турнир во Купот, па така решија да го вметнат во распоред за следната сезона.

На завршниот турнир треба да играат Кил, Лемго, Хановер и Мелсунген, а датумите за натпреварите се 27 и 28 февруари.

Новата сезона 2020/2021 во Германија треба да започне со мечот од Суперкупот во Диселдорф на 2 септември, а треба да се сретнат Кил и Фленсбург.