Заврши љубовта меѓу Каденас и Аргентина

Машката репрезентација на Аргентина остана без селектор откако искусниот стратег, Маноло Каденас ја напушти селекторската функција. Во текот на неговиот мандат како селектор направи историски исчекор за аргентинскиот ракомет.

Каденас ја предводеше репрезентацијата на Аргентина скоро четири години и со своите избраници успеа да направи забележителни резултати на меѓународните натпреварувања.

На Светското првенство во 2021, Аргентина заврши на 11 позиција, а тоа за нив беше најголем успех на едно големо натпреварување. Сепак, избраниците на Маноло Каденас на Олимписките игри во Токио одиграа под своето ниво.

По завршувањето на репрезентативните обврски, Каденас ќе се фокусира на клупски план. Моментално го предводи еден од најдобрите шпански клубови, Адемар Леон.