Заврши сезоната во ЛШ за Порто и Митревски

Екипата на Порто каде што настапува репрезентивниот голман Никола Митревски загуби на гостувањето кај Монпелје со 35:27 и беше елиминирана во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Никола Митервски мина кратко време на терен и од девет удари кон неговиот гол успеа да забележи една одбрана.

Монпелје имаше целосна доминација на натпреварот, само во почетните минути беше израмнето до резултат 5:5, а потоа домашниот тим имаше контрола на играта и резултатот. На полувреме беше 19:11.

После првите триесет минути беше јасно дека Монпелје нема да дозволи изненадување на свој терен, до крај на натпреварот рутински одиграа за конечна победа и пласман во четвртфиналето. Келце ќе биде пречката на Монпелје до нов завршен турнир во Лигата на шамионите.