Заврши карантинот за Рајн Некар, но ракометарите остануваат дома

Екипата со најголем број на позитивни ракометари на коронавирусот, Рајн Некар го одработе карантинот кој беше потребен за да се утврди кои од играчите се заразени. Иако дури осуммина од клубот вклучувајќи го и тренерот Мартин Швалб беа позитивни сите се чувствуват добро.

Со оглед на тоа што поминаа две недели, карантинот е завршен, но никој нема да добие дозвола за да се врати на терен и ќе мора да се делува превентивно односно сите мора да останат дома и понатаму.

„И понатаму не можеме да играме натпревари и уште не знаеме кога ќе има услови. Здравјето на сите е во прв план и затоа нема да ризикуваме. Сите остануваат дома“, велат од клубот.

Како што веќе се знае прв позитивен на коронавирусот беше Данецот Мадс Ларсен, а потоа на списокот се најдоа уште неколку негови колеги меѓу кои беа Грецки, Колбахер, Апелгрин, Гвардиола, Ганц, Нилсен и тренерот Швалб.