Заврши и првенството во Португалија: Нема шампион, Порто ќе игра во ЛШ!

Ракометната федерација на Португалија реши да го следи примерот на повеќе европски земји и да не чека да се смири пандемијата со коронавирусот, туку означи крај на сите шампионати.

Шампиони нема да бидат прогласени ниту во машка, ниту во женска конкуренција, но федерацијата ги одреди патниците во европските купови.

Како и минатата сезона, така и следната, претставник на Португалија во Лигата на шампионите ќе биде Порто, додека шанса да добие вајлд-карта ќе има Спортинг Лисабон.

Ако не добие покана за ЛШ, Спортинг заедно со Бенфика и Белененсес во Лигата на Европа. Во женска конкуренција Колехио де Гаиа ќе игра во Лигата на Европа, а Мадеира и Алавариум во ЕХФ Купот.