Жерар беше несовладлив, ПСЖ триумфираше во дербито на Франција над Нант и Лазаров

Ракометарите на ПСЖ продолжуваат максимално во домашното првенство и ја забележаа својата 20. победа од исто толку натпревари. Во рамки на дербито од 20. коло на домашен терен ПСЖ славеше над Нант и Лазаров со 34:28.

Кире Лазаров на овој најтпревар постигна три погодоци од кои два беа од седум метри. Најзаслужен за победата на ПСЖ беше Венсан Жерар кој беше несовладлив на голот и забележа вкупно 18 интервенции. Најефикасен кај ПСЖ беше Ремили со седум гола, додека за Нант Калваканти постигна пет, а Мин четири гола.

После израмнетиот почеток во воведните десетина минути, ПСЖ успеа да одржува предност и во 16. минута беше 10:7. Во продолжение до крај на првиот дел избраниците на Раул Гонзалес без поголеми прпоблеми го сочуваа водство и заминаа на паузата со водство од 19:15.

На почетокот на вториот дел Нант се закани, со серија од три гола намалија на минус еден, но Жерар на голот на ПСЖ беше одличен и не дозволи противникот да направи пресврт. До крај на дуелот ПСЖ одигра рутински, а во завршницата стигна и до убедлива победа. Со овој триумф ПСЖ се одалечи на девет бода предност пред второпласираниот Нант и практично е веќе на чекор до освојување на титулата.