Женскиот шампион нема да игра во Европа!

Откако тимот на Металург се откажа од учество во Лигата на Европа, истото го направи шампионот на Македонија во женска конкуренција.

Куманово нема да игра во новата сезона во Лигата на Европа, иако со првото место во Женската лига го доби тоа право.

Поради високата котизација, Куманово нема да биде дел од второто по ранг европско клупско натпреварување.

Согласно правилата од минатата сезона, не е можно екипа што изборила пласман во повисок ранг на натпреварување, да игра во понизок, па Куманово нема да биде дел ниту од Европскиот Куп.

Од женските екипи во Вардар ќе игра во Лигата на Европа, Металург и Чаир во Европскиот Куп, за кој и екипата на Деспина од Прилеп побара вајлд-карта.