Женската лига во Македонија е аматерска – затоа има помал ваучер

Претставниците на женските клубови бараат приближување на ваучерите на исто ниво, бидејќи трошоците за натпреварување на женските клубови се исти како кај машките, па и за сите други административни работи.

Претставникот на Куманово побара на Собранието на РФМ да има приближување на висината на ваучерите, па дури и изедначување. Но, од Агенцијата за млади и спорт стигна објаснување зошто е тоа така и до кога ќе биде таа разлика

„Женската Супер лига е запишана во РФМ како аматерска и затоа ваучерот е помал. Ако сакаме да биде професионална тогаш треба клубовите да бидат Акционерски друштва. Сега имаше сличен проблем со женската кошаркарска лига. Висната на ваучерот ќе оди нагоре, и ќе продолжиме, но дека ќе имаме некое изедначување не верувам,” изјави Наумче Мојсовски, директорот на АМС.