На пладне ждрепка за првата рунда од Купот – еве ги шеширите

Денеска во просториите на Ракометната федерација на пладне ќе се одржи ждрепката за првото коло од Купот на Македонија.

Ќе учествуваат вкупно 32 екипи, сите 16 екипи од Суперлигата, како и 16 екипи од Првата лига со исклучок на Борец Велес, кој досега нема освоено ниту еден бод.

Ќе се игра само еден елиминациски натпревар, а домаќинот на тој дуел исто така ќе биде одреден при ждрепката.

Натпреварите ќе се играат на 10/11 декември, а победниците ќе обезбедат место во натпреварите по групи од четвртиналето кои ќе се играат на пролет.

Трофејот во Купот на Македонија го брани Вардар, кој лани славеше против Еурофарм Пелистер во драматично финале во Кавадарци.

Куп на Македонија, елиминации, ждрепка:

шешир 1: Вардар, Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Бутел Скопје, Пролет, Алкалоид, Охрид, Струга, Вардар Неготино, Куманово, Прилеп, Тиквеш, Радовиш, Јуниор КВ, Голден Арт, Скопје

шешир 2: Мулти Есенс, Аеродром, Драчево, Астраион, Текстилец, Јехона, Македонија ЃП, Кичево, Партизан Гевгелија, Металург РА, Шампион, Бисинов, Младост Богданци, Преспа, Овче Поле, Голден Арт 2