Жарко Пешевски останува во Штутгарт – потпиша нов договор

Кружниот напаѓач на македонската репрезентација Жарко Пешевски и во наредната сезона ќе игра во Бундес лигата, во дресот на Штутгарт.

Одличните партии кои ги пружа во најсилната светска лига беа дополнителна причина да го продолжи престојот во Германија за уште еден сезона, иако за него беа заинтересирани и други клубови.

Пешевски потекнува од составот на Металург, една сезона ги бранеше боите на украинскиот првак Мотор Запорожје, пред да се пресели во Штутгарт во 2019 година.

Во досегашниот дел од сезоната, Штутгарт одигра 16 натпревари, а македонскиот пивот даде 34 погодоци.

За Пешевски, кој во моментов е со националниот тим на Светското првенство во Египет, следната сеозна ќе биде трета во Бундес лигата, а на клупските обврски ќе им се врати во февруари.