ЕХФ создаде моќен тим на играчи до 23 години

Европската ракометна федерација за време на паузата во сите првенства и натпреварувања создаде тим во кој се најдоа ракометари кои имаат 23 години, а сите успеаја да се докажат на Европското првенство кое се одржа во јануари.

Ракометарите кои го привлекоа вниманието на себе си обезбедија место во најдобрата седумпа.

При анализа на еден од најдобрите ракометари од Унгарија на сите времиња, Петер Ковач, место во тимот имаше за ракометари од Исланд, Хрватска, Унгарија, Португалија, Франција, Шпанија и Германија.

Најдобриот тим на играчи до 23 години кои се истакнаа на Европското првенство во Унгарија изгледа вака:

ГОЛМАН: Виктор Халгримсон (Исланд)

ЛЕВО КРИЛО: Давид Мандиќ (Хрватска)

ЛЕВ БЕК: Золтан Сита (Унгарија)

СРЕДЕН БЕК: Мигел Мартинс (Португалија)

ДЕСЕН БЕК: Мелвин Ричардсон (Франција)

ДЕСНО КРИЛО: Алекс Гомез (Шпанија)

ПИВОТ: Јоханес Гоља (Германија)