ЕХФ потврди: Еурофарм Пелистер директно во група, Металург и Пролет во квалификации за ЛЕ (ФОТО)

Европската ракометна федерација ги објави 11 екипи што ќе бидат дел од групната фаза во Лигата на Европа.  Едно место ќе биде доделено со вајлд-карта и тоа на клуб од држава што нема директно место во групите, додека преостанатите 12 екипи ќе се приклучат од квалификациите.

Еурофарм Пелистер има директно место во групите заедно со Магдебург, Горење, Савехоф, Винтертур, Татран Прешов, Чеховски Медведи, Кокс, Нант, Бидасоа и Татабања.

Другите македонски претставници Металург и Пролет ќе играат во квалификациите, но ЕХФ на 13 јули ќе ги објави комплетните листи, шеширите и тимовите што ќе треба да играат во квалификациите.

Претходно на 6 јули ќе биде познат и 12-тиот тим што ќе има место со вајлд-карта во групната фаза. Исто како и лани ќе се има 4 по 6 екипи, па осминафинале, четвртфинале и Ф4.

Ждрепката за квалификациите ќе биде на 20 јули, а за групната фаза во октомври.