ЕХФ објави: Три бода за Вардар од одложените дуели со ПСЖ и Фленсбург

Европската ракометна федерација денеска ги објави службените резултати за одложените натпревари од Лигата на шампионите што нема да се одиграат до крајот на групната фаза.

Вардар оствари службена победа со 10-0 над Фленсбург, го загуби едниот натпревар со францускиот тим исто така со 10-0, а од вториот дуел што требаше да го игра со ПСЖ освои бод, што значи дека вардарци освоија три бода од трите меча.

За „црвено-црниот“ тим останува да го одигра уште натпреварот со белорускиот Мешков Брест на 4 март, на кој со победа може да напредуваат и до шестата позиција на табелата во групата А.

Сепак има уште две одложени натпревари, на кои дополнително ќе се знае исходот до 4 март, Елверум – Порто и Мешков Брест – Порто.