ЕХФ на маки – им дозволи на слабо рангираните земји да пријават уште по еден тим во Купот на ЕХФ

Извршниот комитет на Европската ракометна федерација неодамна ја одржа третата видео конференција на која беа донесени голем број мерки за поддршка на ракометните федерации ширум Европа.

Мерките се донесени со цел да се намали влијанието на пандемијата. Исто така на конференцијата беа разгледани дополнителни предлози од комисиите на ЕХФ.

За да се стимулира конкурентноста на европските натрпеварувања, особено на ЕХФ купот, федерациите кои се рангирани под 18-то место ќе можат да пријават уште еден клуб во натпреварувањето. Сега, наместо три клуба федерациите може да имаат четири претставници.

Оваа мерка се однесува на натпреварувањата и во машка и во женска конкуренција, а е резултат на недостатокот на екипи кој се појави во Купот на ЕХФ после откажувањето на повеќе клубови.