ЕХФ може да исфрли два клуба од Лигата на шампионите!

Европската ракометна федерација одржва видео конференција со клубовите кои ќе учествуваат во новото издание на Лигата на шампионите. Главна точка беше прашањето со отворените и затворени граници на државите од кои доаѓаат клубовите во ЛШ пред стартот на новата сезона.

Два клуба кои може да бидат погодени ако Европската Унија не ги отвори границите за Русија поради коронавирусот се Ростов Дон и ЦСКА Москва на Сара Ристовска. Рускиот реномиран портал „Брз Центар“ пишува дека ЕХФ најавила можност двата клуба да бидат исклучени од елитната конкуренција.

Резервните варијанти на ЕХФ се норвешкиот вицепрвак Сторхамар и чешкиот шампион Бањик Мост. Засега не се најавени такви потези во машката Лига на шампиони, иако проблеми со патувањата би можеле да имаат Мешков Брест, Мотор Запорожје и Вардар.