ЕХФ им помага на клубовите и федерациите со 10.000 брзи тестови за коронавирус!

Европската ракометна федерација ќе им помага на клубовите што играат во европските купови и националните федерации чии репрезентации се дел од квалификациите за големите натпреварувања.

ЕХФ ќе распредели 10.000 брзи тестови за коронавирус по клубовите и федерациите, се со цел намалување на трошоците при организација на натпреварите, и полесно спроведување на сите протоколи.

Резултати по овие тестови ќе можат да се добијат по 15 минути, а голем дел од клубовите веќе имаат добиено од нив.

Од македонските клубови во Европа играат Вардар, Металург и Еурофарм Пелистер, како и Чаир и Куманово во женска конкуренција, додека од репрезентациите настапи ги чекаат сениорските национални тимови – мажите во квалификаци за ЕП и жените во квалификации за СП.