ЕХФ ги објави деталите пред ждрепката за ЛШ – Ѓер и Кристијансанд во првиот шешир

Европската ракометна федерација ги објави шеширите пред ждрепката за групната фаза во женската Лига на шампиони.

16 екипи се поделени во четири шешири, а останува да важи правилото дека не може да се сретнат во групната фаза.

Сепак со оглед на тоа што играат по три екипи од Данска и Унгарија, ќе има два такви случаи со екипите на Дебрецин и Икаст, кои се дел од последниот шешир.

Системот на натпреварување останува ист, па по 14 кола најдобрите две екипи одат директно во четвртфиналето, додека оние од третото до шестото место ќе играат осминафинале.

Првото коло е планирано за 9/10 септември.

шешир 1: Кристијансанд, Ѓер, Есбјерг, Мец, ЧСМ Букурешт
шешир 2: Ференцварош, Брест Бретањ, Оденсе, Рапид Букурешт
шешир 3: Крим, Будуќност, Битигхајм, Заглебје, Савехоф
шешир 4: Икаст, Дебрецин