Еуро2020: Остана уште главниот меч, остана уште финалната пресметка

Со одигрувањето на натпреварите за 3. и 5. место Европското првенство дојде во самата завршница, па денеска останува уште да биде одиграна финалето во кое на терен ќе се најдат составите на Шпанија и Хрватска.

Ова ќе биде голема пресметка со оглед на тоа што двете селекции ќе имаат што да покажат на теренот бидејќи денеска на првиот дуел ремизираа. Со оглед на тоа што тој меч беше во средата разликата е мала, па денеска исто така се очекува голем меч.

На овој дуел на теренот ќе бидат најдобрите судии од Македонија, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов кои добија можност да бидат дел од големото финале.

Инаку, 3. место и припадна на Норвешка, Словенија остана без медал, додека Германија беше подобра во битката за 5. позиција од селекцијата на Португалија.

ЗАВРШНИЦА НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО

РАСПОРЕД И РЕЗУЛТАТИ

ПОЛУФИНАЛЕ

НОРВЕШКА – ХРВАТСКА             28:29 прод. (24:24, 26:26)

Сагосен 10, Јоханесен 4, Танген 4 – Дувњак 8, Мариќ 6, Хорват 4

ШПАНИЈА – СЛОВЕНИЈА            34:32

Фернандез 6, Ентрериос 6, А. Душебаев 6 – Доленец 7, Јанц 6, Благотиншек 5

САБОТА, 25 ЈАНУАРИ

МЕЧ ЗА 5. МЕСТО

ГЕРМАНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА   29:27

Кун 6, Гола 4, Цикер 3 – Фераз 4, Боргес 4, Мартинс 3

МЕЧ ЗА 3. МЕСТО

СЛОВЕНИЈА – НОРВЕШКА          20:28

Бомбач 5, Мачковшек 4 , Благотиншек 3 – Јондал 7, Бјорнсен 5, Сагосен 4

НЕДЕЛА, 26 ЈАНУАРИ

ФИНАЛЕ

16:30ч

ШПАНИЈА – ХРВАТСКА