ЕУРО 2020: Златото што и недостига на Хрватска

Зоран Кастратовиќ е еден од најискусните тренери во домашното првенство. Тој го презеде водењето на Металург во текот на сезоната и полека работите се стабилизираат. Во кариерата седеше и на клупата на Вардар, но беше и селектор на женската репрезентација на Македонија, како и на машката на Црна Гора. Еден е од тренерите со мастер лиценца.

Хрватскиот ракомет може да се пофали со импресивна колекција на медали кои се освоени на најголемите ракометни турнири. На златните олимписки медали како и златниот медал од Светското првенство недостига и најсјајниот европски медал.

Шансата за такво нешто Хрватска имаше во јануари во 2018 година кога беше организатор на европскиот шампионат, но за жал со освојувањето на „скромното” 5. место не успеа во намерите.

Двапати сребрени и трипати бронзани, Хрватите секако дека посакуваат од ова првенство исчекор на врвот на Европа. Тоа е секако досега неостварена цел и на хрватскиот селектор Червар, кој сака да го заврши својот мандат со освојување на медалот кој му недостига од европските првенства како и да ја однесе Хрватска на уште едни Олимписки игри во Токио и таму да стави точка на својата селекторска ера.

Проблеми со неиграњето на неколку искусни крила

Составот на хрватската ракометна репрезентација на следното, прво по ред натпреварување, за жал ќе биде ослабнат за двајцата играчи кои настапуваат на левата крилна позиција, Штрлек и повредениот Михиќ. Што се однесува до ростерот на Хрватите тој би требало да биде стандарден, инаку во ноемвриските денови на европската ракометната недела, Червар пробуваше некои нови/стари имиња во двата дуела против репрезентацијата на Германија.

Искуството и харизмата нема да им недостасува на Хрватите кога се работи за водењето од клупата. Оно што Хрватска го има на клупата сигурно нема ниту една европска селекција, а тоа се искуство и трофеи.

Како и лани, на Червар му е приклучен Хрвоје Хорват како прв асистент место Давор Доминиковиќ. Во стручниот штаб на хрватската репрезентација членуваат повеќе специјалисти за работа со играчи и голмани како и неколку луѓе коишто ќе се грижат за нивната рекуперација. Вкупно тринаесет.

Ќе има ли нови експерименти?

Се поставува прашањето да ли ќе видиме некои нови „експерименти“ на Лино Червар или не? Лично сум убеден дека такво нешто нема да се случи затоа што влогот е преголем, а тоа се: титулата на континентален првак како и пласман и учество на квалификациските турнири за олимписките игри следната година. Некои од назнаките за играта на хрватската репрезентација ќе можеме да видиме на контролните средби пред Европското првенство.

Можно е хрватската репрезентација да игра позиционен напад „7 на 6“, а сигурно ќе ги има оние коишто се за и коишто се против, меѓутоа тешко е и да се претпостави дека ќе играт таков модел на напад од првата секунда. Она што може да недостасига во нападот на Хрватите е квалитетната реализација од надворешните позиции особено од левата страна на нападот. Сигурно дека стручниот „стожер“ го радува поголема минутажа на Степанчиќ во ПИК Сегед ова година во натпреварите од Лига на Шампионите како и настапите на левиот бек Мамиќ во Бундес лигата, кој во Келце имаше исклучиво одбранбени задачи. Можна е послаба реализација на контранапади од левата страна поради отсуство на врвните крилни играчи.

Во напад со два средни бека

Што можеме да очекуваме кога станува збор за модел на игра во позиционен напад. Пред сè игра на двата средни бека во исто време. Најквалитетните хрватски играчи се токму на таа позиција. Играчи како што се Дувњак, Карачиќ и Циндриќ припаѓаат на „creme de la crème“ на светскиот ракомет кога се во прашање организатори на играта. Тоа би значело забрзување на играта, но без можноста за реализација врз одбраната на нивните противници.

Кога е во прашање дефанзивата, Хрватите како едни од ретките можаат во континуитет да применуваат две зонски формација. Двата основни система на игра во одбрана им се одбраната 6-0, каде можеда го очекуваме на позицијата пет левото крило Мандиќ, како и одбраната 5-1 со Дувњак или можеби Мандиќ во улогата преден играч. И двете варијанти на длабоката одбрана се испробани на претходните европски и светски шампионати.

Хрватската репрезентација и покрај освојување на медал, бронзениот, во Полска во 2016 година, нема континуитет во врвните партии кога се во прашање настапите на нивните голмани. Бараа решение за таа позиција после повлекувањето на Алиловиќ со: Стефановиќ, Пешиќ, Шего и други кои добија шанса на пријателските натпревари. Оној којшто е во моментов прв избор е без сомнение Марин Шего. Голманот на Монпелје има и свои слаби денови и прашање е колку може евентуално да му помогне некој од голманите кои се повикани за претстојниот шампионат ( Ашанин, Шуњиќ и Цар).

Фаворити за прво место во групата

Хрватскиот репрезентативен состав е без сомнение фаворит за освојување на првото место во групата каде им се конкурентите Црна Гора, Белорусија и Србија. Во можеби неатрактивна група Хрватите ќе имаат шанса со максимален биланс од групната фаза да одат во главната рунда. А таму со некој добар ден, инспирирани голмани и победа против правиот противник можно е да се случи остварување на хрватските желби кога е резултатот на нивната селекција во прашање.

Играчи од кои треба да очекуваме најмногу на претстојниот шампионат се секако нивните организатори на игра Дувњак, Карачиќ и Циндриќ, кога е во прашање нападот. Сепак, тука се и Муса, Мандиќ и Шего кога се во прашање оние неатрактивни, но не помалку битни, дефанзивни задачи.